ДАЛИ ФЕКАЛИИТЕ ОД НОВАТА УПРАВНА ЗГРАДА НА ВОДОВОД БИТОЛА ЌЕ ЗАВРШАТ ВО РЕКАТА ДРАГОР


Битолчани, денес сме сведоци на уште еден промашен проект на локалната власт во Битола. Управната зграда на ЈКП "Водовод" - Битола не само што не е проект од приоритет за граѓаните на Битола, туку раководството на претпријатието со амин од Наташа Петровска ќе потроши близу 600 000 евра наши пари на локација надвор од градот и во целост отсечена и недостапна за граѓаните на Битола. Ја прашуваме Петровска дали денес нејзиниот "омилен" конкурент во трката за кандидат за градоначалник од СДСМ, В.Д. директорот на "Водовод" Горан Козаров парите од граѓаните ги троши непродуктивно? Денес по скоро 4 години локална власт на СДСМ во ЈКП "Водовод" - Битола битолчани плаќаат четврта година по ред поскапа вода за пиење, нема ниту километар новоизградена мрежа, загубите на вода се над 50 %, ама пак затоа има партиски ВРАБОТУВАЊА и нова управна зграда од 600 илјади евра. И колку за илустрација на расипничкото работење на двоецот Петовска - Козаров, еве ги сумите кои Горан Козаров ги потрошил на адвокатски услуги во изминатите 3 години директорување во "Водовод" за 3 години се потрошени фантастични 7 100 000 денари или 115 000 евра. Бараме од директорот Козаров да ги објави имињата на адвокатите и сумите за секој еден и по кој основ им исплатил толкави суми на пари во изминатите три години. И сосема на крај, едно бонус прашање за Петровска и Козаров : Каде ќе се сливаат фекалиите од новата управна зграда ако се знае дека сите куќи на улица 16та не се поврзани на градската канализациона мрежа? Револтот на битолчани е огромен а одговорност ќе има веднаш по поразот на СДС и доаѓањето на новата локална власт и победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во октомври.

Пеце Милевски - претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ - Битола


29060043_2016680208590936_36926234558838