ДИРЕКТОРОТ НА ВОДОВОД БИТОЛА: За адвокатски услуги потрошил фантастични 115.000 евра


Претседателот на ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА, Пеце Милевски на прес-конференција обелодени за фантастични 115 000 евра за адвокатски услуги во ЈП Водовод Битола, во продолжение погледнете ја прес-конференцијата:

Денес по скоро 4 години локална власт на СДСМ во ЈКП "Водовод" - Битола битолчани плаќаат четврта година по ред поскапа вода за пиење, нема ниту километар новоизградена мрежа, загубите на вода се над 50 %, ама пак затоа има партиски ВРАБОТУВАЊА и нова управна зграда од 600 илјади евра. И колку за илустрација на расипничкото работење на двоецот Петовска - Козаров, еве ги сумите кои Горан Козаров ги потрошил на адвокатски услуги во изминатите 3 години директорување во "Водовод" за 3 години се потрошени фантастични 7 100 000 денари или 115 000 евра. Бараме од директорот Козаров да ги објави имињата на адвокатите и сумите за секој еден и по кој основ им исплатил толкави суми на пари во изминатите три години.
Револтот на битолчани е огромен а одговорност ќе има веднаш по поразот на СДС и доаѓањето на новата локална власт и победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во октомври.

Пеце Милевски - претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ - Битола


29060043_2016680208590936_36926234558838