Полицaeцот кој го тeпaше и апceше активистот на опозицијата го обезбедувал Седат Пекер?


Вчера се одржа протест на три локации во Скопје и 10 други градови во Македонија.

На протестот пред ТЦ Мавровка демонстрантите беа вознемирувани и нападнати од страна на полицијата, при што едно лице беше приведено.


Станува збор за активистот на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Калошев кој беше уапсен откако се обидел со својата камера да ја сними полицијата која ги запишуваше регистарските таблички на возилата кои ја блокираа раскрсницата.


По инцидентот и апсењето, Калошев даде изјава за Инфомакс каде раскажа што точно се случило.


Тој додаде дека бил тепан и малтетиран во комбето од страна на еден од полициските службеници.


По овој инцидент, социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од полицискиот службеник кој немилосрдно го нападна младиот активист,по некоја случајност е истиот кој бил еден од лицата кои го обезбедувале Седат Пекер.


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да го казни полицискиот службеник кој го нападна Стефан Калошевски.

-Стефан е исклучително храбро и чесно момче, кој денеска беше за жал жртва на фрустрацијата на еден припадник на министерството за внатрешни работи кој применил и сила. За тоа имаме и медицински извештај кој ќе биде даден на увид на јавноста, рече Мицкоски.


Тој вели дека очекува од страна на министерот и командирот на полициската станица овој дивјак да биде најстрого санкциониран.


-Ако мисли дека значката на МВР и оружјето што го носи на реверот му дозволуваат да применува сила, тогаш ваквите дивјаци не им е место во МВР, потенцираше Мицкоски.


извор: инфомакс


29060043_2016680208590936_36926234558838