(Видео) Ме тепaa во полициското комбе: Ексклузивно за Инфомакс, изјава на приведениот активист


Попладнево најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ организираше протести со блокади на повеќе раскрсници ширум Скопје со цел да македонската јавност да ја дознае вистината за преговорите со Бугарија и како што вели лидерот на партијата, Христијан Мицкоски за новото национално предавство кое го подготвува 3aeв.


Протестите покрај во Скопје се одвиваа и во 10 градови ширум државата насекаде во мирна атмосфера.


За жал во главниот град на раскрсницата кај трговскиот центар Мавровка се случи поголем инциден по кој еден од активистите на ВМРО-ДПМНЕ заврши во притвор.


Активистот на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Калошев беше уапсен откако се обиде со својата камера да ја сними полицијата која ги запишуваше регистарските таблички на возилата кои ја блокираа раскрсницата, а беше конфронтирана од страна на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.


Кога полицијата го забелешала Калошев како ја снима дискусијата помеѓу пратеникот и полицијата таа го уапсила при што тој добил удар во слабината и му биле ставени лисици на рацете.


Тој потоа беше одведен во полициска станица, а набрзо потоа под притисок на јавноста, присутните и пристигнувањето на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на блокадата кај Мавровка беше ослободен.


Kaлошев ексклузивно за Инфомакс истакна дека во полициското комбе бил тепан и навредуван, а неколку удари во слабината и главата добил при самото приведување и ставање на лисици.


Погледнете што вели тој пред камерата на Инфомакс:



29060043_2016680208590936_36926234558838