Axмети ќе позeлeни: Доби yлтимaтyм од скопското крило до 15 јуни треба да ги отстpaни Ocмани и Гpyби

Ултиматум од Меџити до Ахмети до 15.јуни да ги отстрани Османи и Груби од Владата и од ДУИ, е темата за која информира денеска порталот на албански јазик „Алмакос“.


„Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити Меџити му дал ултиматум и временски рок на претседателот Ахмети итно да ги отстрани заменик – премиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи од сите функции во Владата и партијата. Ако не го стори тоа, тогаш ќе се соочи со независни кандидатури за градоначалници во Сарај, Чаир, Кичево и Тетово и ДУИ во таков случај многу тешко дека ќе победи на локалните избори.“ – објавува денес „Алмакос“, повикувајќи се на свои извори во ДУИ, кои се дел од „групата на потпретседателот Изет Меџити“.


„Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, веќе подолго време ја продолжува својата внатрепартиска битка против претседателот Али Ахмети. Оваа битка на Меџити очигледно здоби и други, „заканувачки“ димензии, бидејќи во текот на оваа недела имаше и некои ‘пораки на дистанца’ меѓу Али Ахмети и Изет Меџити.“ – пишува „Алмакос“.


Повикувајќи се на свој „извор во ДУИ, кој и припаѓа на страната предводена од Меџити, „Алмакос“ дознава дека „Меџити му дал ултиматум и временски рок на претседателот Ахмети итно да ги отстрани од сите функции во Владата и партијата заменик – премиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи.“


„Алмакос“ во својата информација наведува: „Медиумите пишуваат дека се претпоставува оти Меџити во ‘последната порака’ што му ја пратил на Ахмети му рекол дека ‘ако до 15 јуни не ги оддалечи од партијата Бујар Османи и Артан Груби, тогаш ќе ги искуси последиците на локалните избори.“


„Токму како што вашиот внук Фатмир Лимани ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Кичево, така и Висар Ганиу ќе биде независен кандидат за градоначалник во Чаир, но и во општина Сарај Блерим Беџети ќе настапи како независен кандидат, и тој не како кандидат на ДУИ“ – ова е, наводно, пораката, што му е пратена од Меџити на лидерот Ахмети, тврди „Алмакос“. Овој медиум додава дека „за ваквите изјави нема потврда од ниедна страна“, но и оти „изворите во ДУИ велат дека се реални.“


„Ако до 15 јуни Ахмети не ги спроведе зборовите на групата на Изет Меџити, тогаш изгледите се многу големи на ДУИ да и биде многу тешко да победи на локалните избори во Чаир, Сарај, Кичево и во Тетово.“ – тврди „Алмакос“.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838