Неофицијално - Сашо Мијалков во вторник ќе излезе од притвор, ќе оди во куќен? - ТВ 24


Според добро упатени извори, ТВ21 неофицијално дознава дека во вторник од притвор излегува Сашо Мијалков.


Според извори на телевизијата, нему ќе му биде определена поблага мерка, односно куќен притвор.


Адвокатите на Мијалков тврдат дека со барањето за ослободување е поднесена гаранција во недвижности со вредност од над 7 милиони евра. Кауцијата ќе биде запленета од државата доколку Мијалков избега.


Мијалков е во истражниот затвор Скопје од 23 февруари кога по неколкудневно мистериозно исчезнување се појави пред обвинителството да го подигне решението за притвор. Претходно по информации на обвинителката Вилма Русковска за можно бегство на Мијалков, судот му определи домашен притвор, но полицијата не успеа да го најде на домашна адреса.


Извор: ТВ 21

29060043_2016680208590936_36926234558838