Таткото на Влатко Ѓорчев, познатиот пулмолог Ангелко Ѓорчев е Македонецот кој вчера паднал во кома


Познатиот пулмолог Ангелко Ѓорчев е 73-годишниот Македонец кој паднал во кома откако се вкацинирал вчера во Ниш, Србија.


На социјалните мрежи вечерва се огласи неговиот син Влатко Ѓорчев кој вели дека татко му е во длабока кома, на респиратор и се бори за живот. Ѓорчев вели дека неговиот татко, со уште неколку свои колеги доктори, вчера тргнал за Ниш за да се вакцинира зошто неговата земја потфрлила со вакцините.


– Инаку, проф. д-р Ангелко Ѓорчев, сѐ уште прегледува пациенти, со намален и повремен ангажман. На возраст од 72 години, како сè уште активен лекар, со 3 бајпаса и 3 стента, беше на некоја забаталена листа на чекање за вакцинација, која со месеци, месеци и месеци ја чекаше. Затоа отиде во Ниш заедно со неколку колеги доктори. Мислам дека отиде од револт, но и желба за имунизација, сакајќи повторно да се дружи со внуците и пријателите. Отиде без да ми каже, без да ми најави, а знам дека со месеци чекаше да се вакцинира во Скопје. Да бевме елементарно нормална држава, старите луѓе ќе беа вакцинирани уште пред неколку месеци. Кратко откако ја примил вакцината, му се слошило и загубил свест. Го реанимирале на лице место, па го однеле со брза помош на кардиологија, а од денес е на интензивна нега во новиот клинички центар во Ниш. Не знаеме колку долго не можел да дише. Не знаеме во која мерка му е оштетен мозокот поради немање на кислород. Сега е на респиратор, во кома. Не знаеме сѐ уште дали се работи за инфаркт, анафилактичен шок, за редок шок предизвикан од реакција на вакцината, за комбинација од фактори или нешто трето. Сега е најважно да преживее, напиша Ѓорчев на својот Фејсбук профил.


извор: slobodenpecat.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum