Барди: Благодарам за поддршката, се гледаме на ЕП

Енис Барди денеска се приклучи на тренинзите на фудбалската репрезентација на Македонија, откако утринава доби негативен тест на короанвирус.

Барди уште на пристигнувањето во Македонија на стартот од подготовките имаше позитивен тест на Ковид-19 иако не чувствуваше никакви симптоми. Пред три дена, Барди повторно имаше позитивен тест на коронавирус поради што ги пропушти двата контролни натпревари пред настапот на Македонија на ЕП, против Словенија (1:1) и Казахстан (4:0).

Но, денеска на големо задоволство на селекторот Игор Ангеловски, Барди е негативен на коронавирус и ќе настапи на првиот натпревар за Македонија на ЕП против Австрија.


„Ви благодарам на сите за пораките за побрзо оздравување како и за поддршката што ми ја дадовте овие денови. Се чувствувам одлично и многу брзо ќе се видиме на Европско првенство. Ви благодарам уште еднаш“, напиша барди на социјалните мрежи.



извор: слободен печат



29060043_2016680208590936_36926234558838