Стигнува „Балкански монсун“: Од попладнево дожд


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност. Попладне, претежно на истокот и североистокот од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Од УХМР издадоа и актуелно предупредување во кое најавуваат дека од утре следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Врнежи ќе има во текот на целата недела.


Српскиот метеоролог Марко Чубрило вчера изјави дека во регионот ќе следи период на „Балкански монсун“, кога со умерено топло време се комбинирани чести врнежи.


gif

извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838