Русковска за Призма: Излезе дека Мијалков само во мене има доверба


Излезе дека Мијалков само во мене има доверба и дојде кај мене да се пријави, вели обвинителката Вилма Русковска, шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во интервју за Призма, со доза на иронија коментирајќи го случајот со бегството на Сашо Мијалокв.


Таа, пишува медиумот била единствена која не била повикана на итниот и неформален состанок формиран како кризен за бегството. Вели сепак дека немала чести контакти со Мијалков - два пати бил кај неа за да го бара пасошот за што го известила и државниот обвинител. Вели дека не го меморирала бројот ниту на бизнисменот Јордан Камчев со кого разговарала, како што вели само за „Рекет“.


Таа беше во центарот на вниманието и за случајот Рашковски, а и премиерот Зоран Заев коментираше. Русковска е децидна дека никој не може да ја смени.


„Според новиот закон за јавно обвинителство, не постои опција кој било шеф на обвинителство да се смени поради нестручност и некомпетентност. Сега не постои таква можност. Кривично дело немам направено, барем јас не знам дека сум направила, така што сметам дека и да сакаат да ме сменат, нема можност“,вели Русковска за Призма.


Коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев дека во неа нема доверба за предметот со Рашковски, Русковска практично го опомена.


„Политичарите за постапки што се водат во Обвинителство или во суд не треба да коментираат. Нашиве политичари никако да го разберат тоа“,вели таа.


За Лазе Велковски вели дека размислува пак да го ангажира хонорарно, доколку дозволат средствата.

Целиот текст на Призма

29060043_2016680208590936_36926234558838