ВИДЕО I Џамбаски се закани со поделба на Македонија: „Ужасен и брз ќе биде вашиот крај, Македонија


Се наближуваат изборите во соседна Бугарија, а така се разгорува и реториката на политичките субјекти во државата. Европратеникот и потпретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбазки, на својот Фејсбук профил објави видео во кое упатува остри закани кон Македонија и Македонците. На спотот, Охрид е прикажан како бугарски град, а Џамбазки вели дека колку повеќе Македонците даваат отпор и продолжуваат со антибугарската хистерија, толку поужасен ќе биде крајот на Македонија.

Џамбазки испрати и порака до премиерот Заев, во која му вели дека Албанија секогаш ќе ни биде на запад, со што јасно упатува закани за поделба на Македонија.

– Заев, почитувани, колку и да се вртиш, Македонија е Бугарска, колку и да се вртиш, Албанија секогаш ќе ти е од запад!

Погледнете за што станува збор.


lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838