ВМРО ДПМНЕ: Заев го аболицираше Рашковски, а судот безпоговорно изврши


Зоран Заев го аболицираше Драги Рашковски преку медиумите, а судот безпоговорно изврши, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера Рашковски излезе од истражниот затвор „Шутка“ и отиде во домашен притвор со одлука на Апелација.


-Рашковски е фатен како со народни пари купил сопствен патент. Постојат сомнежи за десетина набавки на софтвер, а индициите за злоупотреби со народни пари се очевидни. Рашковски само неколку дена пред да се отвори истрагата против него го префрли целиот имот на своите малолетни деца. Што и зошто криел?

Рашковски во паника си ја ишкаше мувата од капата и кога побегна во Мексико мислејќи дека народот ќе заборави, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат дека индициите за сторен криминал се огромни.


-Медиумите објавија и докази, а Заев упорно го брани својот другар Рашковски, и во изјава за медиуми од позиција на премиер изврши притисок врз правосудните инстанци. Криминалите на Рашковски, како и тие на Заев се документирани. Циркузот како тој денес кратко ќе трае, а ќе дојде време за одговорност, и тогаш нема да биде Заев во позиција да влијае врз судството. А тогаш Рашковски ќе треба да објасни се, па дури и како дошол до гаранцијата од половина милион евра. 4 години со Заев имаме само криминал и корупција, 4 години украден живот. Доста е!, се вели во партиското соопштение.

29060043_2016680208590936_36926234558838