Македонија главна тема во ЕП: Ковачев тврди Бугарите биле мнозинство во Македонија

На дебатата за извештаите за земјите од Западен Балкан, денеска дојде до тензии помеѓу бугарската страна и европратениците од редовите на зелените и социјалистите. Пратеникот Ангел Џамбаски, ја спореди Македонија со Северна Кореја, а Андреј Ковачев пред пратениците тврди дека Бугарите се мнозинство во Македонија се до доаѓањето на Тито. На дебатата за извештаите за земјите од Западен Балкан, европратеничката Тања Фајон застана во одбрана на Македонија, при што оцени дека бугарското вето за преговорите со Македонија е неодговорно.

Таа порача дека едностраното делување нема ништо заедничко со критериумите за членство во ЕУ.

-Бугарија треба да ги повлече своето вето, затоа што кризата што ќе ја предизвика бугарското вето ќе го загрози процесот на проширувањето за другите земји од регионот, рече таа.

Пред неа бугарскиот пратеник Андреј Ковачев изјави дека во Македонија се нарушува слободата на изразување на Македонците со бугарско потекло и дека бугарската заедница во Македонија била мнозинство пред да дојде Тито на власт. Тој го посочи случајот со пејачот избран за Евровизија како доказ дека Бугарите во Македонија се мета на постојани напади.

Европратеникот Ангел Џамбаски од своја страна ја спореди Северна Македонија со Северна Кореја поради тоа што Бугарите, како што рече. не смееле да се декларираат како такви на претстојниот попис.

извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838