(Документи) Сторија на деценијата: Објавени мејловите на Фаучи – „бoмба до бoмба“

Преписката по електронска пошта на Ентони Фаучи од раните денови на пандемијата го запали светот. Но, она што навистина е важно е дека голем дел од мејловите покренуваат повеќе прашања во врска со потеклото на Ковид-19.


Како директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести, д-р Фаучи не сакаше да каже дека Ковид-19 потекнувал од лабораторија како Институтот за вирусологија во Вухан (WIV). Откако неколку пати ја исклучи таа можност, тој јавно рече минатиот месец дека е можно, бидејќи хипотезата крена прашина во медиумите и академските институции.


Е-поштата, објавена по барањата за слобода на информации за медиумите, покажува дека д-р Фаучи ги следел дебатите за потеклото на Ковид-19 од самиот почеток. На почетокот на 2020 година, имунологот Кристијан Г. Андерсен му напишал дека вирусот има некои „необични карактеристики“ кои наведуваат на манипулација во лабораториски услови.

Г-дин Андерсен подоцна објави труд со кој се отфрла теоријата на лабораториско протекување поради недостаток на докази. И д-р Фаучи започна да споделува статии во кои се расправа за природно потекло, додека им давал совети на научниците кои пишуваат за ова прашање. Но, убедлив доказ за зоонотско потекло не се појави и разумно е да се праша зошто д-р Фаучи полека но сигурно ја прифаќа можноста за истекување од лабораторија.


Од посебен интерес: Од 2014-19, Националниот институт за здравство исплати 3,4 милиони американски долари во Институтот за Вирологија во Вухан напреку непрофитната ЕкоХелт Алијанса.

„Само сакав да ви изразам лична благодарност во име на нашиот персонал и соработници, за јавно застапување на ставот и изјавување дека научните докази го поддржуваат природното потекло на вирусот“, му напишал шефот на ЕкоХелт Алијансата, Петар Дазак, во маил на д-р Фаучи во од април 2020 година . „Вашите коментари се храбри и доаѓаат од вашиот доверлив глас, ќе помогнат да ги растерате митовите кои се шират околу потеклото на вирусот“.


Парите од НИХ биле потрошени за истражување на коронавирусите кај лилјаците, а најверојатно Институтот за вирологија во Вухан спроведе истражување за добивање на функција со кое ќе ги направи поубиствени или позаразни. Во е-пошта од февруари 2020 година, д-р Фаучи му препратил на својот заменик Хју Ошинклос труд за добивање на функцијата кај коронавирусите. „Прочитај го овој труд“, порача тој. „Денес ќе имате задачи што мора да се завршат“. Неговиот заменик го коментираше трудот и рече дека „ќе се обидат да утврдат дали имаме некои далечни врски со оваа работа во странство“.


Д-р Фаучи оттогаш тврди дека неговата институција не финансира истражување за добивање на функција; финансирањето на ЕкоХелт Алијансата требаше да се искористи за собирање примероци. Но, „Не можам да гарантирам сè што се случува во лабораторијата во Вухан, не можам да го направам тоа“, изјави д-р Фаучи во средата.


Д-р Фаучи, исто така, рече дека оваа недела неговата е-пошта „е навистина зрела за да биде извадена од контекст“ и дека „вие навистина го немате целиот контекст“. Можеби е точно. Но, тоа е уште поголема причина да се истражат врските на САД со Институтот за Вирологија во Вухан и истражувањето за добивање на функции. Објавата се однесува на потеклото на Ковид, но исто така и на идните ризици и придобивки од ваквите истражувања, пренесува Вол Стрит Журнал.

Во 2014-та година администрацијата на Барак Обама поттикната од контроверзии околу опасните истражувања и неодамнешните лабораториски несреќи, објави дека привремено ќе го запре финансирањето за експерименти во кои се проучуваат одредени инфективни болести, правејќи ги поопасни.


Исто така, ги охрабри научниците вклучени во ваквите истражувања за вирусите на грип, САРС и МЕРС доброволно да ја паузираат својата работа, додека нејзините ризици не се целосно проценети.


Противниците на овој вид истражување, наречено добивање функција – на пример, обиди да се создаде позаразна верзија на смртоносната H5N1 птичји грип беа одушевени од ваквата одлука на американската администрација.


„Брилијантно!“ изјави тогаш Питер Хејл, извршен директор на Фондацијата за истражување на вакцини, која се противи на ваквите експерименти. „Владата конечно ја виде светлината. Ова е она што сите го чекавме и водевме кампања. Ќе спијам подобро вечерва “, пишува Њујорк Тајмс во 2014-та година.


Но очигледно Националниот институт за здравје пронашол начин како да ја заобиколи оваа забрана од Белата Куќа донирајќи пари на невладини организации кои на крајот завршувале во странски земји за истото ова опасно истражување кое било забрането во САД.


Маиловите кои ги добивал Фаучи откриваат и други сериозни детали кои предизвикуваат загриженост за неговата искреност кога станува збор за пандемијата на опасниот коронавирус.


Уште во февруари 2020 година Фаучи бил предупреден од свои колеги лекари за можноста вирусот да е побегнат од лабараторијата во Вухан, но маилот го препратил на еден од своите соработници без да даде одговор.


Јас сум доктор во медицинско училиште исто така сум професор по дерматологија….. Александер Тараковски ….. е професор во рокфелер универзитетот. Тој е виролог.


Ја следиме одблиску пандемијата со коронавирусот, пред неколку дена бев предупреден дека кинеската Влада стеризира пари од провинцијата Хубеи ( каде се наоѓа Вухан).


Ние мислиме дека постои можност вируост да побегнал од лабараторијата во Вухан, биотехнолошката зона во Кина. Ние исто така сметаме дека вирусот можеби е помешан со друг организам како на пример вид на ГАБА, да биде уште позаразен.


Би сакал ова да го разговарам со вас подетално сметаме дека е потребна акција веднаш од страна на американските наулници за да се неутрализира заканата.


Ве молам контактирајте го Александар и мене веднаш штом можете на мојот мобилен или бројот од работа, Михаел Локсхин ми го даде вашиот меил, пишува Мајкл Џејкобс.

Францускиот лекар и добитник на Нобеловата награда за медицина Лук Монтање уште минатата година изјави дека коронавирусот (Ковид-19) најверојатно е произведен во некоја од лабораториите во кинескиот град Вухан.


Добнитникот на Нобеловата награда од 2008 година за секвенцирање на ХИВ вирусот, Монтање за интернет сајтот „Pourquoi docteur“ рече дека не верува во официјалните тврдења дека коронавирусот по природен пат се појавил на пазарот во Вухан.


„Вирусот кој го предизвикува Ковид-19 е произведен во лабораторија во Вухан. Таа лабораторија во текот на 2.000-тите години се специјализираше за коронавируси”, рече Монтање и додаде дека лично добро ја истражил таа тема.


Монтање и за телевизијата CNEWS рече дека е сигурен оти новиот тип на коронавирусот не се појавил по природен пат, туку е во прашање производ зад кој стојат стручни луѓе.


„Вирусот нема природно потекло, тој е дело на молекуларен биолог. Не е познато со која цел е тоа направено. Мојата работа е изнесување факти, јас никого не обвинувам и не знам кој тоа го направил и зошто. Можно е да сакале да произведат вакцина против вирусот на ХИВ“, изјави Монтање.


Според него, присуството на елементи на ХИВ, па дури и маларија во геномот на новиот вирус, фрла сомнеж за лабораториското потекло.


Франсис Бојл е професор по меѓународно право на Правниот колеџ на Универзитетот во Илиноис. Тој го подготви домашното законодавство на САД за Конвенцијата за биолошко оружје, познато како Закон за борба против тероризмот и биолошко оружје од 1989 година, закон одобрен едногласно од двата дома на Конгресот на САД и потпишан од претседателот Џорџ Х.В. Буш сениор.


Во ексклузивното интервју дадено за Геополитика и Империја, д-р Бојл прв истакна дека епидемијата на коронавирус потекнува од Вухан, Кина и лабораторијата со ниво на биосигурност 4 (БСЛ-4). Тој верува дека вирусот е потенцијално смртоносно биолошко оружје односно бинарно биолошко оружје генетски модифицирано преку истражување за добивање на функција , па поради тоа кинеската влада првично се обиде да го прикрие и сега презема драстични мерки за негово ограничување.


Бинарното биолошко оружје за кое говори Бојл е составено од двокомпонентен систем со независни елементи кои можат безбедно да се ракуваат одделно, но кога се мешаат, формираат смртоносна комбинација. Овој систем се состои од вирус и помагало вирус или плазмид за бактериска вирулентност.


Плазмидите за вируленција носат гени кои им овозможуваат на бактериите да ги оштетат повисоките организми и да се заштитат од одбраната на домаќинот и имунолошкиот систем.


Според тогашната негова изјава лабораторијата во Вухан БСЛ-4 е специјално назначена лабораторија за истражување на Светската здравствена организација (СЗО) и д-р Бојл тврди дека СЗО добро знае што се случува.


Се работи за истражувачки центар за чие основање во 2004 година, Франција потпиша договор со Кина за истражување заразни болести, со највисоки безбедносни стандарди, опремена за справување со патогени од класа 4 (П4) – опасни вируси кои претставуваат голем ризик од пренесување од човек на човек, како што е ебола.


Според веб страницата, таа е најголемата банка за вируси во Азија, каде се истражуваат повеќе од 1.500 видови.


За основање на оваа лабораторија вложени се 42 милиони американски долари, која беше завршена во 2015 година, а конечно беше отворена во 2018 година. Како консултат во нејзиното основање се јавува , Ален Мериукс, сопственик на француска биоиндустриска компанија.

Лабораторијата со максимално ниво на биосигурност на Институтот за вирусологија Вухан е прва од ваков вид изградена во Кина и е центар на огромни шпекулации од почетокот на пандемијата „Ковид-19“, која потекнува од тој град.


Лабораторијата, опремена за ракување со патогени од класа 4 (П4), вклучувајќи опасни вируси како ебола, е изградена со помош на француски експерти и под раководство на францускиот милијардер бизнисмен Ален Мериукс, и покрај силните забелешки на здравствените и одбранбените власти во Париз .


Водечки руски микробиолог исто така тврдеше дека коронавирусот е резултат на научниците од Вухан кои направиле „апсолутно луди работи“ во нивната лабораторија.


Светски познатиот експерт, професор Петар Чумков, тврди дека нивната цел била да ја проучат патогеноста на вирусот, а немале „лоша намера“ намерно да создадат убиец направен од човек.


Професорот Чумаков, е главен истражувач на институтот Енгелхард за молекуларна биологија во Москва, вели: „Во Кина, научниците од лабораторијата во Вухан се активно вклучени во развојот на разни варијанти на коронавируси повеќе од десет години.


„Покрај тоа, тие го сторија ова, наводно не со цел да создадат патогени варијанти, туку да ја проучат нивната патогеност.


Светски познатиот експерт, професор Петр Чумаков тврди дека нивната цел била да ја проучат патогеноста на вирусот, а не „со злонамерна “ намерно да создадат вештачки убиец


„Тие направија апсолутно луди работи, според мене.


„На пример, инсерти во геномот, кои му дадоа на вирусот можност да зарази човечки клетки.


„Сега сето ова е анализирано.


„Сликата за можно создавање на сегашниот коронавирус полека се појавува“.


Тој за весникот „Московски Космолец“ изјави: „Постојат неколку инсерти, односно замени на природната низа на геномот, што му дава посебни својства.


„Интересно е што Кинезите и Американците кои работеа со нив ги објавија сите свои трудови отворено во научниот печат.


„Мислам дека сепак ќе биде покрената истрага, како резултат на која ќе се развијат нови правила кои ја регулираат работата со геномите на ваквите опасни вируси.


Тој рече дека кинеските научници создадоа „варијанти на вирусот… без лоши намери“, веројатно насочени кон создавање на ХИВ вакцина.


Ајде факт чекери фатете се за работа…


gif

извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838