Пyкaње во Штип: 19 годишник во два наврати пyкaл од возило во движење во поголема група луѓе

На 03.06.2021 полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип затоа што во два наврати, на 02.06. и 03.06.2021 пред продавница на ул. „Черења” во Штип, каде била насобрана поголема група на граѓани, од неговото патничко моторно возило „ауди”од огнено оружје испукал неколку куршуми. Во врска со случајот на службен разговор се повикани повеќе лица, а запознаен бил и Јавен обвинител и се работи на целосно комплетирање на случајот, по што против Е.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



извор: инфомакс




29060043_2016680208590936_36926234558838