Ковачевски и Заев да кажат што ќе прават со вработените во РЕК, откако ќе ги затворат рудниците

Минусот во АД ЕЛЕМ и парите потрошени на тендери во РЕК Битола и АД ЕЛЕМ заедно даваат над 400 милиони евра пари кои завршиле во нечии џебови, а сериозен дел можеле да се искористат за инвестирање, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Васко Ковачевски е причината заради која поскапува струјата во Македонија. Ковачевски е виновен за високите сметки за струја. Тој катастрофално управува со АД ЕЛЕМ. Ковачевски успеа да потроши банкарски депозит на компанијата во вистина од 1 милијарда 500 милиони денари, и каса полна со над 400 милиони денари, состојба во која ја остави АД ЕЛЕМ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„И не само што потрошија се што им беше оставено, Ковачевски ја втурнал АД ЕЛЕМ во долгови. АД ЕЛЕМ ја завршила 2020 година со над 1 милиjaрда денари загуба. И згора на се последните податоци објавени од страна на министерството за финансии говорат дека ЕЛЕМ има доспеани обврски од 6 милиони евра плус недоспеано, а компанијата ја преземаа со 0 доспеани обврски. Дополнително во изминативе 4 години само за ископ и транспорт во РЕК Битола се испумпани 200 милиони евра народни пари на сметки на фирми блиски до власта. Минусот во АД ЕЛЕМ и парите потрошени на тендери во РЕК Битола и АД ЕЛЕМ заедно даваат над 400 милиони евра пари кои завршиле во нечии џебови, а сериозен дел можеле да се искористат за инвестирање“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Можеби ќе ве интересира Таму е посочено дека Ковачевски треба да почне да одговара на вистинските прашања. „Каде се парите од АД ЕЛЕМ кои им се оставени, и која е неговата врска со фирмата Рубитон, за која видовме од документите и пријавата поднесена од МВР дека била рекетирана и на сопствениците им било барано или да ја препуштат работата на СВ Инвест или да дадат рекет во износ од 250.000 евра за Вице? Исто така, Ковачевски да каже која е неговата врска со Вице и Стојан Чифлигаровски и дали истиот по отворањето на аферата веќе избегал во САД, откако претходно отпочнал постапка за ликвидација на СВ Инвест? Ковачески да одговори што ќе им прави на вработените во РЕК Битола со оглед на тоа дека форсира фотоволтаици и не работи на отворање на нови рудници а Заев најави затворање на постоечките рудниците? 4 години власт на Заев, 4 години криминал, рекет и немаштија за народот, 4 години украден живот. Доста е!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.



извор: плус инфо

29060043_2016680208590936_36926234558838