ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА: Положи цвеќе во чест на тројцата бранители од Битола кои загинаа 2001 година


По повод 20 години од загинувањето на бранителите од Битола, делегација на ОК ВМРО ДПМНЕ - Битола предводена од Пеце Милевски претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола, Олга Лозановска пратеник во собранието на Република Македонија и Марко Јосифовски претседател на УМС во Битола положија цвеќе во чест и слава на Влатко Миленковски Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, кои во заседа загинаа 2001 година, во близина на селото Гајре.


Херои кои не се забораваат загина 2001 година во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија.


29060043_2016680208590936_36926234558838