Антовски: За една година има покачување од 15% на струјата, тоа директно удира по џебот на граѓаните

Акумулативно, за година дена со претходното и новото покачување на електричната енергија кое се најавува за од после јуни месец, цената на струјата ќе се зголеми за 15%, вели познавачот на енергетскиот сектор, Стевчо Антовски кој е и член на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.


„Според сите податоци и доставени документи од енергетските компании станува згор за некое покачување од 5%. За период од година дена ние имаме акомулација на две поскапувања, гаде што ако ги сублимираме, доаѓа една завршна слика каде што ќе имаме поскапување од цели 15%“, истакна Антовски во емисијата „Економски магазин“.


Тој додава дека ваквото покачување на цената на електричната енергија ќе удри директно во џебот на граѓаните и врз и така слабата македонска економија во ова време на пандемија кога иаме и илјадници граѓани кои ги загубија своите работни места.


„Република Македонија со слаба економија, во случај на пандемија каде што имаме стагнација на развојот на аншето стопанство, илјадници луѓе се останати без работа и на сето ова да му го додадете, тоа вкупно 15 процентно покачување на цена на електрична енергија ќе дојде на удар на џебот на граѓаните и директно нивно осиромашување. Да не кажам дека тоа ќе се одрази директно во стопанството исто така, не само на компаниите кои што производите ги пласираат на домашниот пазар, ќе имаме директен удар и на индустриските капацитети чие производство е базирано на извоз“, истакна Антовски.

Во однос на менаџирање на македонските енергетски компании, Елем и Мепсо кои во последните години имаат огромни загуби, што допринесе и до поскапување на струјата, вели дека овие општествени македонски компании се лошо раководени и дека со нив не може да се управува од денес за утре. За нивно раководење, додава Антовски, се потребни долгорочни стратегии и нивен постојан развој, затоа што без развој на енергетиката ние не можеме да имаме основен поттик во развојот на економијата на нашата држава.


„Овие енергетски компании не можете да ги менаџирате, раководите, управувате и да ги планирате од денес за утре, потребна е годишни стратегии и нивен развој, потребно е одржување и ревитализација на постоечките капацитети, постојани инвестиции, затоа што без развој на енергетиката ние не можеме да имаме основен поттик во развојот на економијата на нашата држава. Ова требаше да се размислува од самиот почеток, сега сме доведени во една многу лоша состојба каде што компаниите имаат загуби и бараат покачување на цената на струјата, меѓутоа од друга страна се бара алтернативно решение како да се ублажи тоа за да не осетат граѓаните директно празнење на нивните џебови. Во секој случај, повторно ќе биде удрено во џебот на граѓанинот, затоа што кога ќе имаме намалување на буџетот затоа што приливот ќе се намали на сметка на даноците, се јавува дупка во буџетот. Таа дупка ќе мора да се покрие на одреден начин. Прво, ние имаме планиран буџет во сите свери на нашето општество, иамаме образование, имаме здравство, социјала, развој на индустријата, поттик на млади претприемачи и така натаму. Или ќе го пуштиме тоа во стагнација, со што нашата држава стагнира или ќе пристапиме кон многу едноставна алатка која ја применува оваа влада, а тоа е потпишување на нови заеми“, потенцираше Антовски.



извор: курир

29060043_2016680208590936_36926234558838