ХУМАНИТАРНА ИЗЛОЖБА: На девојчето со цртежите, Среда 31ви Март "Везилка" - Безистен


Хуманитарен настан за девојчето со цртежите...Многумина ја запознаа Марија која скромно ги продаваше своите цртежи во пазарот во Битола.Марија го надоградува својот талент кај нашата уметничка Анкица Стефановска и изработи прекрасни дела.Во Среда на 31ви Март во "Везилка"( Безистен ,покрај реката Драгор), Марија ќе ја има својата прва изложба од хуманитарен аспект.Сите средства ќе бидат за помош на нејзиното семејство кое живее во отежнати услови. Секој кој сака да помогне нека повели.


Јавно да се заблагодарам на Lyons klub KABADAYA кои донираа професионални материјали за сликање и на прекрасната наставничка Анкица кои и го остварија сонот на Марија,како и до културниот центар " Везилка" која ни овозможи реализација,и вредните рачиња на децата од ll-3 одд.при ОУ " Коле Канински" водени од наставничката Лидија Павловска и креативната Жанета Волчевска,и од ДГ " Коца Василева" од Битола кои изработија прекрасни пролетни 3д цветови за настанот.


Ќе ве замолам на настанот да ги почитувате мерките за заштита од Ковид 19.


Ви благодариме за хуманоста!

29060043_2016680208590936_36926234558838