Ахмети големо изненадување ќе објавам на 5 јуни - Дали градоначалник на Скопје ќе биде АЛБАНЕЦ!?

За време на вчерашната посета на Липково на лидерот на ДУИ Али Ахмети, општинските органи на партијата се согласија на локалните избори во октомври актуелниот градоначалник на општината Еркан Арифи повторно да биде кандидат. Ахмети најави и големо изненадување кое ќе го откриел на 5 јуни, на роденденот на ДУИ. Неофицијално се шпекулира со можноста за градоначалник на Скопје да излезат заедно со СДСМ со кандидат Албанец.

На 5 јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер“, рече Ахмети во Липково.

Деновиве партијата постави и неколку билборди со зелена боја на кои пишува „Нешто големо доаѓа“.

Во ДУИ веќе и гласно се зборува дека на локалните избори во октомври како кандидати ќе бидат номинирани актуелните градоначалници во Тетово и Струга, Теута Арифи и Рамиз Мерко, а во Гостивар ќе одат со Невзат Бејта, кој веќе еднаш беше градоначалник на оваа општина.

Во Чаир за нов мандат најголеми се шансите на актуелниот градоначалник Висар Ганиу, меѓутоа амбиција пројавил и директорот на ЈП „Паркови и Зеленило“ Ардијан Муча. Во оваа скопска општина големо е влијанието и на поранешниот градоначалник Изет Меџити, актуелен пратеник, кој и натаму е во отворен конфликт со вицепремиерот Артан Груби и министерот Бујар Османи. На последните локални избори, во 2017 година, ДУИ настапуваше во коалиција со СДСМ, со посебни листи за советници, но со заеднички кандидати за градоначалници во општините со мешан етнички состав. ДУИ освои 10 градоначалнички места.



извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838