ЕУ не дозволува објавување на нон-пејперот за промена на границите на Балканот


Советот на ЕУ не дозволува објавување на нон-пејперот за прекројување на границите во регионот.


Генералниот секретаријат на Европскиот совет го држи „под клуч“ неофицијалниот документ, јави австриската агенција APA.


Како што претходно објави словенечкиот портал necenzurirano.si, кој го публикуваше непотпишаниот документ со предлози за нови граници на Балканот кон средината на април, словенечкиот премиер Јанез Јанша стои зад нон-пејперот. Тој тврди дека словенечките власти немаат ништо со тоа и демантира вклученост. Словенија на 1 јули го презема претседавањето со Европската Унија и најави дека сака поголемо внимание да посвети на приблужувањето на Западен Балкан кон Унијата. По овој нон пејпер се појавија и други два. Во фокусот освен БиХ беше и Косово.


gif

извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838