(ФОТО) Уапсен Бобан Томовски, помошник на Седат Пекер, кој од странство „ја дрма“ турската влада


Турција вчера објави дека е уапсен и депортиран извесниот Бобан Томовски, инаку Македонец и соработник на Седат Пекер, контроверзниот лик кој во моментов ја тресе владата на Реџеп Таип Ердоган по постојано објавување на видеа на својот канал во кои објавува афери за турскиот државен врв. Пекер наедно е еден од оние членови на регионалното подземје кои добија 215 македонски пасоши со лажен идентитет во аферата „Мафија“.

Агенцијата Анадолија за Бобан Томовски вели дека е водачот на криминална организација, наводно инволвиран во трговија со дрога во Северна Македонија, а бил фатен вчера додека се обидувал да одлета во Каиро од аеродромот „Сабиха Гикчен“. Томовски е депортиран во Управата за имиграција во Коџаели. Се тврди дека Седат Пекер живеел кај Томовски за време на неговиот престој во Северна Македонија. Екипите за борба против организираниот криминал од полицискиот оддел во Истанбул наедно покренала правна постапка за „Нарушување на јавниот ред и мир“.

gif

извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838