Мега-cкaндaл ја тресе Финска: Премиерката трошела 800 евра месечно за ДОРУЧЕК

Уште еден доказ дека сме далеку од политичката култура на Скандинавските земји е и последниот скандал кој ја тресе Финската политичка сцена, а во кој е вклучена премиерката Сана Марин.


Се работи за скандал за кој финските даночни власти и полицијата веќе започнаа истрага поради месечни трошоци за доручек кои премиерката ги направила во последните неколку месеци.


Сумата поради која скандалот ги доминира насловните страници на финските медиуми е 850 евра.


Скандалот, познат во Финска како „брекфаст-гејт“, првично беше објавен од таблоидот Илталехти на 25 мај, во текст кој открива дека премиерката и нејзиниото семејство добивале пакети за доручек во вредност од 300 евра од државата. Истиот таблоид, подоцна откри дека всушност Марин трошела дополнителни 550 евра месечно за доручеци, со што вкупната сума на месечни трошоци за доручек на премиерката и нејзиното семејство биле 850 евра.


Сопругата на екс-премиерот на Финска Пааво Липонен, Палви Липонен, за истиот таблоид објаснува дека додека тие живееле во премиерската резиденција, таа од сопствени средства набавувала храна, самата чистела, готвела и перела, па дури ја подмирувала и киријата.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838