Oбвинитeлoт Рустеми се согласил да се намалат кaзните за насилните пpoтести за МОНСТРУМ

Обвинителот Бурим Рустеми, кратко по доаѓањето во Вишото јавно обвинителство, дал позитивно мислење за намалување на казните на дел од осудените за насилствата на протестите за „Монструм“, кои се одржаа на крајот од февруари. На На барање на осудените, Рустеми оценил дека казната од една година затвор изречена на тројца од осудените, кои претходно признаа вина, е висока, пренесува А1он.


Од Вишото јавно обвинителство за А1он појасниле дека како олеснителна околност при давањето на позитивно мислење за намалување на казните била земена возраста на сторирителите, признавањето на вина, изразенот каење, тежината на кривичното дело, како и фактот дека издржувале притворска мерка.


„Беше дадено позитивно мислење по поднесените жалби за предметот за кој прашувате, водејќи се од возраста на осудените лица, фактот што истите имаат признаено вина и изразено каење за стореното кривично дело, веќе извршуваа притворска мерка во траење од повеќе од два месеци, како и поради тежината на кривичното дело“, велат Вишото јавно обвинителство за „А1он“.


Протестите против казните за осудените во „Монструм“ се одржаа крајот на февруари, во знак на револт за казните кои ги добија осудените за убиствата кај Смилковското езеро. Протестот ескалираше кога кај трговскиот центар „Мавровка“ демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон полицискиот кордон, кој возврати со шок бомби за да се растера толппата. Меѓу повредените беше и новинар од редакцијата на Инфомакс.


Сите седум обвинети беа беа прогласени за виновни бидејќи сториле кривично дело учество во толпа, како и спречување на сужбено лице во вршење на службени дејствија, откако седум полицајци беа повредени на протестите, кога демонстрантите фрлаа по нив со разни предмети. Првостепена пресуда е донесена и за останатите три лица, од кои две лица добија казна од година и два месеци затвор, а едно година и шест месеци. Бидејќи им е судено во раздвоена постапка, двете лица се жалат на висината на казната, додека за третото лице се уште течат роковите за жалба. Еден од осудените е недостапен за органите на прогонот.

Жалбите за овие лица се поднесени кон средината на месец мај, по што е дадено мислење за да се уважат, а сега се чека и одлука дали казните ќе им се намалат. При изрекување на казната, Кривичниот суд ги ценел сите олеснителни и отежителни околности.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838