ЕКСКЛУЗИВНО: Новиот Сашо Мијалков! - ПОРТА МК


Во моментов Зоран Заев се наоѓа пред најголемиот предизвик од кој зависи уште колку долго ќе опстане на тронот!


Зоран Заев треба да го одбере новиот директор на Агенцијата за Национална Безбедност или како што уште го нарекуваат луѓето во потесното негово опкружување, новиот Сашо Мијалков.


Борбата за новиот Началниче е голема и е една од причините на расколот помеѓу Оливер Спасовски и Скопското крило предводено од Зечевиќ и сега веќе сменетиот Лазо Велковски.


Дека Зоран Заев полека ја губи контролата и силата во партијата кружи во потесните кругови на партијата каде се говори за чистката која Оливер Спасовски ја спроведува на сите луѓе во безбедносниот систем поставени дирекно од Заев, како и еден од предлозите на Оливер за нов Сашо Мијалков - професорот Никола Дујовски декан на факултетот за безбедност.


Никола Дујовски е личност со впечатливо CV од кое највпечатливо е неговото унапредување од списокот во тевтерчето на Јанкуловска кое започнува од 2007 година како помлад асистент, асистент , доцент па се до изборот за продекан и тоа на 17 јуни 2013 година на денот на роденденот на ВМРО ДПМНЕ!


Останува да видиме дали Зоран Заев ќе му дозволи на Оливер да си го постави Никола за нов Сашо Мијалков и ќе ја превземе целосната контрола на безбедносниот систем во РМ по што и следува превземањето на лидерското место во партијата!????


Извор: Порта МК



29060043_2016680208590936_36926234558838