КАЗНИ ЗА МАСКИ: 3,8 милиони евра за 7 месеци и 193 илјади казни за маска

За период од 7 месеци во Македонија, колку што траеше обврската за задолжително носење заштитна маска, изречени се 193.000 казни на граѓани, што изнесува околу околу 3,8 милиони евра.


Толкав е приближно вкупниот износ од казни во буџетот, под услов да се наплатени сите прекршоци од граѓаните. Износот на казната е 20 евра во денарска противредност.


Владата од вчера ја укина мерката задолжително носење маска на отворено, а сега е задолжително само на затворен простор и на отворено доколку има поголемо групирање.



извор: денешен

29060043_2016680208590936_36926234558838