Пендаровски го свика советот за безбедност

Свикана е уште една седница на советот за безбедност.

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата и мерките и активностите на надлежните институции. На почетокот на месецот се одржа 11-та редовна седница на советот за безбедност.


извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838