ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА: ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД БИТОЛСКО ДВЕ ГОДИНИ ЧЕКААТ ДА БИДАТ ОБЕШТЕТЕНИ


Своеволието, несвесното и нехумано владеење на СДС и денес се покажа. Спротивно на Деловникот за работа на Советот на Општина Битола, беше закажана седница на Советот на Општина Битола. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, побара дополнување на Дневниот ред на седница со една точка: Одлука за барање на информација до Влада на Република Македонија, за текот на исплатата на обештетувањето за настанатите штети на жителите од с.Егри во јуни 2019 година.


Побараната дополнителна точка од страна на советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, од владеачкото мнозинство беше очекувано одбиена, зошто не сакаат ниту да помогнат, ниту пак помош да помине, а за себе да не прибават корист.


Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата бара итно и неодлжно обештетување на жителите од село Егри бидејќи и после 2 години од настанатите штети само жителите на ова село се необештетни.


ВМРО ДПМНЕ има основани сомневања дека намерно жителите од село Егри не се обештетуваат бидејќи локалната власт СДСМ сака предизборно да профитира на маката на граѓаните, бидејќи СДСМ од осамостувањето на Репблика Македонија нема победено во ова населено место.


29060043_2016680208590936_36926234558838