НЕ БИЛ НАПАДНАТ - Главниот државен обвинител ЈОВЕСКИ паднал и добил гребаници движејќи се по кејот


Јавниот обвинител Љубомир Јовески не бил нападнат од никого, туку движејќи се по кејот на Вардар паднал и добил гребаници. Укажана му е здравствена помош и е пуштен дома, информирал кабинетот на јавниот обвинител.


„Во врска со написите во некои медиуми, Јавниот обвинител на Република Македонија, ја известува јавноста дека попладнево, рекреирајќи се покрај кејот на реката Вардар, симнувајќи се по скалите, падна, при што се здоби со гребаници од бетонската подлога. Гребаниците се санирани од здравствени работници и Јавниот обвинител е пуштен дома“, појасниле од кабинетот на Јаниот обвинител.


Медиумите вчера објавија информација дека јавниот обвинител бил нападнат.


gif

извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838