ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не бега и да прифати дебата со Мицкоски за тоа што преговара со Бугарија...

Зоран Заев да не бега и да прифати дебата со претседателот Мицкоски за тоа што преговара со Бугарија, далеку од очите на јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Заев пред само неколку месеци за бугарски медиуми кажуваше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека зборуваат ист јазик.

Зоран Заев сам ги урна македонските позиции, прифаќајќи ги тезите на најголемите бугарски екстремисти, кои никој политичар во Бугарија не мислел дека постои човек од Македонија кој може тоа да го прифати.

Зоран Заев излезе и кажа дека Бугарија во Втората светска војна не била окупатор, туку администратор. Заев излегува свесно во јавноста со овие негаторски тези за Македонија. Зоран Заев е седмица на лото за сите кои се против Македонија.

Македонија не смее повеќе да губи. Заев да запре со сите отстапки и понижувања. Зоран Заев да излезе јавно во дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и да каже што како и со кого договара во врска со нашата историја и јазик со Бугарија,велат во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838