ЕКСКЛУЗИВНО: Кировски си поднел оставка од директорската позиција во Телма – најавил дека ќе биде...

Директорот на телевизија Телма, Атанас Кировски денеска си поднел оставка од директорската функција – дознава Радио Лидер од извори во телевизијата. Како што дознаваме, Кировски на сопствениците на телевизијата и на колегите новинари им соопштил дека оставката ја дава за да може да стане директор на МРТ. Останува непознато како Кировски ќе стане директор на јавниот сервис, затоа што таму се уште не е избран нов програмски совет кој би требало да го избере. Инаку, сопственик на ТВ Телма е најголемата македонска нафтена компанија, Макпетрол.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838