ПОЛОВИНА ДЕНАР НАГОРЕ: Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 отсто.


Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво.


Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг.


Од 1.6.2021годинаод 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:


Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 67,50(денари/литар)


Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,50 (денари/литар.


Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)


Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,00 (денари/литар)


Мазут М-1 НС 33,881(денари/килограм)


Воизминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,853 отсто, дизелот за 1,775 отсто и екстра лесното маслоза 1,822 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,395 отсто.


Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте понизокза 0,262 отсто.


Максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.6.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

29060043_2016680208590936_36926234558838