Борисов: Сакаат да ме уапсат, ќе ме обвинат и за канибализам

Не можат да ме поразат на фер избори и сега вие ќе видите што ќе сторат. Дури и ќе ме обвинат за канибализам. Тие продолжуваат да измислуваат, изјави поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на состанокот со младинската организација на партијата, откако министерот за внатрешни работи Бојко Рашков најави дека има информации од прислушувани разговори за апсење на Борисов .

– Но, ако успеат, ќе ставите портрет од мене овде, се пошегува Борисов. Бојко Рашков, синоќа објави дека ќе поднесе тужба до обвинителството против Борисов. Министерот рече дека добил информации за закана упатена од Борисов. Борисов ги отфрли сите обвинувања против него и се фокусираше на скандалот со прислушувањето, кој е главна тема во Бугарија повеќе седмици.



извор: фокус


29060043_2016680208590936_36926234558838