(ВИДЕО) Славје во соблекувалната на Челзи и по улиците на Лондон


Челзи, кој по третпат играше финале во елитното натпреварување, го повтори успехот од 2012 година и го остави Сити без трофеј во првото финале.

Тимот на Томас Тухел беше подобар на теренот во првото полувреме на стадионот „Драгао“ и заслужено дојде во водство преку Каи Хавертц во 42 минута.

Манчестер сити, кој победи на шест од последните седум натпревари во Лигата на шампиони во кои беше во негатива, тргна поофанзивно по продолжението, но Илкај Гундоган го блокираше обидот на Ријад Марез во 69 минута, а алжирскиот репрезентативец го делеа сантиметри од израмнување во завршните моменти од финалето.

За англиските клубови ова беше 14 трофеј во Лигата на шампиони.


29060043_2016680208590936_36926234558838