Фудбалерката Андонова против бордо дресовите: Црвено-жолта е бојата за која живот даваме!


Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова реагираше поради потегот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои се одлучија да ја сменат бојата на дресот од црвена во бордо.


Таа на својот Фејсбук профил објави слика во црвено-жолт дрес и напиша дека токму таа боја е онаа за која се дава живот.

– Никој никогаш нема да разбере колку има претрпено мојата земја, треба вистинска сила и достоинство да се биде дел од оваа земја МАКЕДОНИЈА, борбата никогаш нема да престане!, објави Андонова.

29060043_2016680208590936_36926234558838