СТРУЈАТА ПОСКАПУВА: МЕПСО бара зголемување на цената за услугата од 143 отсто, НЕМО за 45%...


Енергетските компании веќе излегоа со свои барања до регуалторната комисија, а од она што веќе е познато, МЕПСО бара зголемување на цената за услугата од 143 отсто, НЕМО за 45 проценти, додека Електродистибуција 0.95 проценти.


Според Регулаторната комисија за енергетика,. ако се прифатат сите барања на компаниите, зголемувањето на цената би изнесувало 5 процетни, но под услов АД ЕСМ во јуни на тендерот на ЕВН ХОУМ да не понуди повисока цена за произведената струја.


„Компаниите веќе ги доставија своите барања, но тие допрва ќе се разгледуваат. МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос од 143 отсто, Националниот енергетски маркет оператор за организирање и управување на пазарот на електрична енергија побарал зголемување за 45 отсто, а Електродистрибуција зголемување за 0,95 отсто на цената за дистрибуција на електрична енергија“, тврдат од регулаторот.


Од тоа колку всушност ќе поскапи струјата за домаќинствата, најмногу ќе зависи колкави ќе бидат трошоците за купување на електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач АД ЕВН.


Тоа значи дека од понудата на државните електрани АД ЕСМ всушност зависи и крајната одлука за новата цена која треба да се формира до крајот на јули. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе објавија дека загубата на оваа компанија лани била околу 28 милиони евра.


Минатата година електричната енергија поскапе за 7,4 проценти. Како алтернатива засега се споменува намалувањето на ДДВ-то за сметките од страна на државата.


Извор: Фактор


29060043_2016680208590936_36926234558838