Онлајн петиција против новите дресови за ЕП 2020: Ја нема црвената, ниту жолтата боја


На социјалните мрежи од денеска е покрената онлајн петиција, откако на новите фудбалски дресови со кои ќе настапи националниот тим на Евро 2020 доминираат комбинации само бордо, белата и црната боја.


Фудбалските фанови забележуваат дека традиционално фудбалската федерација секогаш настапувала под црвено-жолтата боја.


Многубројните коментари укажуваат на тоа дека најдобрите македонски фудбалери биле препознатливи по старите дресови со кои настапуваа на изминатите квалификации.



29060043_2016680208590936_36926234558838