Сопственикот на рекетираната компанија во РЕК Битола му кажал на Мицкоски од МВР го криеле ВИЦЕ ЗАЕВ

„Еден од двајцата сопственици кој што се жртва на овој рекет, на оваа изнуда, дојде кај мене во тој период и разговаравме. Ми го опиша настанот, и јас му реков види јас ниту сум истражен орган, ниту можам некако да ти помогнам и го упатив во МВР да даде исказ, овие да ги согледаат наводите кои што тој ги дава во исказ и врз основа на тоа да постапат.


Претпоставувам дека отишол тогаш во МВР дал исказ, и тој исказ е содржан во една од двете верзии кои што јас ги презентирав пред јавноста“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија.


Мицкоски додаде дека има две верзии на записник. Првата е откако еден од сопствениците дал исказ, МВР составило известување, а тоа известување достигнало во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и откако виделе дека таму се наоѓаат овие имиња кои што се поврзуваат со семејството на власт, отишле определени луѓе, постојат основани сомневање дека отишло лицето Лазе Велковски, ја земале првичната верзија од записникот и го корегирале. И потоа ја пратиле новата односно втората верзија на записникот од каде што тој дел каде што се споменуваат имиња на фамилијата блиска до власта го нема.


„Иако видите влезниот печат кај едниот и кај другиот документ се наоѓаат на различни делови од првата страна иако се со ист број“, укажа Мицкоски.


Мицкоски во емисијата „360 степени” на Алсат М телевизија околу својата вчерашна изјава во врска со случајот „Рекет на Вице” која ја даде за медиумите во Прилеп, истакна дека не ретерирал туку дека иронично се обратил до Обвинителството да истражи кое лице е вмешано во скандалот со РЕК Битола.


„Јас претпоставувам ја разбравте иронијата и сарказмот во мојата изјава, инаку јас зборував токму тоа лице Вице Заев и оваа фамилија на власт дека се длабоко замешани во вакви скандали уште многу пред ова да се објави на македонската јавност“, истакна Мицкоски.


Мицкоски во текот на емисијата рече – „Тоа беше дадено малку така повеќе саркастично и иронично, но очигледно дека политичкото изразување треба да биде подиректно и поконкретно. Но, еве благодарам на можноста да појаснам за да не биде дека како што вие велите правиме чекор наназад од брифингот, напротив само можам да го потврдам“.


Нормално е дека тие што се вмешани во овој скандал ќе го демантираат тоа рече Мицкоски.

„Нормално е седека нема да го потврдат тоа, вие зарем очекувате да излезат и да речат браво Мицкоски во право беше, не фати. Сигурно нема тоа да се случи“, вели Мицкоски.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838