Приведени двајца полицајци за оддавање службена тајна за „РЕКЕТ ВО РЕК БИТОЛА“

Александар Јанев, поранешен началник за организиран криминал во МВР во време на техничката влада и Илија Чалшев Менис, полициски инспектор за организиран кримал се осомничени и приведени поради оддавање службена тајна во случајот што го обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за рекетот во РЕК Битола, а во кој како што обвини партијата, е вмешан Вице Заев, братот на премиерот.


Од МВР ја потврдија информацијата:


На 28.05.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапуваа по наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје за претрес на работните места, домови и превозни средства кај тројца полициски службеници, поради сомнение за сторени кривични дела „оддавање службена тајна” по член 360, „злоупотреба на државна, службена или воена тајна” по член 360а и „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од КЗ. Извршени се и службени разговори со полициските службеници и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков вчера достави до Обвинителството за оранизиран криминал документи со кои, според него, се докажува криминалот со државни тендери во РЕК Битола во времето на Васко Ковачевски, но и притисокот и заканите што ги вршел Вице Заев врз бизнисмените Васко Василев и Јани Радивчев, сопственици на Рубитон.


Вице Заев, наводно, како што тврди ВМРО – ДПМНЕ барал рекет во вредност од 250.000 евра од битолска компанијата „Рубитон“ која добила тендер за ископ на јаглен.


Случајот во МВР го пријавиле ошетените сопственици на компанијата, но според тврдењата на опозициската партија, во пријавата мистериозно исчезнало името на Вице Заев, осомничен за рекетот. Според ВМРО-ДПМНЕ, наводно во времето на Васко Ковачевски власта вршела притисок и закани врз бизнисмените, сопственици на компанијата „Рубитон“, за да ја отстапат работата за ископ на јаловина која ја добиле на тендер во корист на СВ Инвест или да дадат 250.000 евра во кеш на Вице Заев, во хотелот „Вила парк“ во Струмица.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838