Ќе донесеме закон со кој кило тутун не смее да се увезе додека не се откупи домашниот тутун


Денес во Прилеп се сретнавме со здруженија на тутунарите, разговаравме за огромните проблеми со кои се соочуваат, информира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. – ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон за тутунот со кој кило тутун не смее да се увезе додека не се откупи целокупниот домашен тутун и се обврзува на чесна откупна цена и проценка на тутунот. Трудот и маката на тутунарите мора да се вреднува!, посочи Николоски.

29060043_2016680208590936_36926234558838