КОМИСИЈАТА ИЗГОТВИ ИЗВЕШТАJ: Нема лекарска грешка во случајот со родилката Јилдз Веапоска - СКАНДАЛ!


Нема лекарска грешка во случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар која по породувањето oстана беа три органи.


Нејзе и беа отстранети матката, јајник и бубрег. Комисијата која го разгледуваше случајот заклучи дека вакви компликации при гинеколошко – акушерски операции се реткост, но сепак се случуваат.


„Увидено е дека крварењето е во дел од стомакот каде се наоѓаат репродуктивните органи и бубрезите, како би се спречило крварењето се пристапува кон вадење на матката и левиот јајник. Крварењето не запира, повикан е конзилијарен хирург и е утврдено дека лево ретроперитонеално има хематом што довело до сомнение за крварење во пределот на бубрегот. За да се спречи крварењето е пристапено кон отстранување на левиот бубрег, како би се спасил животот на пациентката“, се вели во Извештајот.


Единствено пропусти констатирала во однос на евиденцијата во несовпаѓање на напишаните податоци за полот на бебето.


gif

извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838