Македонец е во кома откако примил вакцина во Ниш

Македонец на седумдесет и тригодишна возраст е во кома откако вчера му се слошило по примена вакцина против ковид-19 во салата „Чаир“ во Ниш, Србија, потврдува директорот на Универзитетскиот клинички центар Зоран Перишиќ, пренесе српскиот медиум „Јужне вести“. Во текот на вчерашниот ден, на мажот му се слошило по што бил хоспитализиран. Перишиќ вели дека не е позната причината зошто му се влошила состојбата на пациентот, но вели дека тоа не е поради срцеви проблеми, пренесуваат од „Јужне Вести“.

-Со оглед на тоа дека пациентот имал операција со четири бајпаса, направена е и коронарографија и сликани се и бајпасите, нема знаци за инфаркт, ништо не се случило околу срцето. Така што, тие причини се исклучени, вели Перишиќ.

Додава дека во зависност од здравствената состојба на пациентот ќе се направи и дополнителна дијагностика.

Во текот на викендов поголем број македонски граѓани се вакцинираа во Србија. Во саботата во Ниш започна и вакцинирањето на бизнисмените од регионов како резултат на договорот меѓу стопанските комори. Како што информираат „Јужне вести“, освен овој случај, друг застој во процесот на имунизација немало и дека во Ниш се вакцинирани околу 4 илјади лица.



извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum