СЕ СОБИРААТ ДОНАЦИИ: За казните на православните верници од Св. Недела за Богојавление - Водици

Да собереме донации за казната за Водици, бара Отецот во битолската црква „Света Недела”, Стеван Здравевски. Тој собира донации преку социјалните мрежи за плаќање на казните на осум верници, кои заедно со него, според судската пресуда, треба да платат околу 5.000 евра.

-Браќа и сестри во Христа, сакам да ве известам дека започнавме со собирање парични средства за браќата кои се осудени за Богојавление – Водици, со благослов од отец Стеван. Секоја донација и запишување на име и презиме ќе биде предадено во „Света Недела” на отец Стеван, за молитва на сите кои донирале. Да поможиме со љубов за нашите браќа – објави свештеникот на својот Фејсбук профил.

извор: република


29060043_2016680208590936_36926234558838