НОВА АФЕРА: 250 илјади евра за Вице од Рек Битола - ФОТО

250 илјади евра за Вице од Рек Битола е името на новата афера која денеска на средба со новинарите ја откри лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Аферата, како што посочо тој, опфаќа изнуда-рекет на средства од компанијата Рубитон Битола која е добитник на тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола.

Случајот излегува по пат на јавно признание и сведочење на сопственикот на компанијата. Компанијата по регуларен пат добива тендер, по што Васко Ковачевски, директор на РЕК го контактира сопственикот на компанијата добитник, по што принудува да се откаже од тендерот и истиот кој веќе го има добиено Рубитон да се предаде на СВ Инвест на Столе Чифлигароски. Сопственикот на Рубитон вели дека нема правна можност за тоа, по што Ковачевски организира средба со Вице Заев во Струмица, во хотел Парк. Средбата се откажува, а Вице Заев ги контактира сопствениците на компанијата и им вели дека ќе го испрати Горан Крстев од Тотал Инжињеринг, инаку амнестиран со Зоран Заев за Глобал, да ја договорат работата. Побарувањата биле Рубитон да ја сработи работата, а 250 илјади евра да припаднат на Вице Заев, во кеш. Таа сума била многу поголема од можната заработувачка. Сопствениците на Рубитон на повиците на Горан Крстев не се одзиваат, по што Вице им се заканува дека ќе ја загубат работата. По низа лавиринти, компанијата ја губи работата од РЕК и трпи штета од 30 милиони денари, за што своевремено и ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше јавно на прес-конференции за насилно внесување на фирмата СБ Инвест во Комбинатот. Воедно и предупредувавме на фамозната Вила Парк, каде што Вице Заев го собираше рекетот- вели Мицкоски.

Тој посочи дека оштетените го пријавиле случајот во полиција, по што се изготвува пријава до ОЈО потпишана од Лазе Велковски.

-Мистериозно на веќе еднаш потпишаната изјава исчезнува делот каде се споменува Вице Заев. Тоа е дополнителен скандал и говори за спрега меѓу ОЈО и Вилма Рускоска, МВР, Лазе Велковски и кадрите на Оливер Спасовски. Случајот е ставен во фиока – посочи Мицкоски Тој го посочи и делот кој недостасува:

Потоа, сопственикот Василев, гледајќи дека Рубитон не добива одобрение за влез на механизација и покрај договорната обврска да му биде овозможено од страна на РЕК Битола, преку стар познаник од Струмица Иљо Н. викан Рамбо, несакајќи директно да го бара по делефон лицето Вице Н. кое му го посочил Ковачевски, побарал доколку е можно да му организира средба со посоченото лице, која му била закажана на 3-ти или 4-ти септември 2018-та година.


Според информациите, тие отишле во „Вила Парк“ Струмица. Сопствениците Василев и Радичев дошле на договорената средба, ги пречекал пријателот на Василев и бидејќи веќе изминувало 09:00 часот, Иљо му се јавил на Вице да му каже дека се дојдени луѓето на кои икм договорил средба, на што Вице му кажал дека средбата била закажана за 9 часот навечер, а не наутро, по што тие си заминале.


Мицкоски на новинарите им ги достави и двата записника од изјавите на оштетениот, едниот со името на Вице, другиот без името на Вице.


Извор: Република


29060043_2016680208590936_36926234558838