Paзузнавачка бoмба: Heколкумина вработени во лабараторијата во Вухан ги имале сите симптоми на КОВИД

Научниците и по две години немаат конкретен одговор за потеклото на коронавирусот. Тоа доведе до барања на водечките научници за подлабока истрага на институтот Вухан истрага која треба да одговори дал вирусот е направен и побегнал од лабараторијата во градот.


Дури и некои високи јавни здравствени службеници кои сметаат дека таа можност е неверојатна, сега бараат подетална истрага. Тие велат дека тим предводен од Светската здравствена организација немал целосен пристап во Вухан претходно оваа година за да дојде до заклучок дека протекувањето од лабораторијата е „крајно неверојатно“.


Повеќето од оние што повикуваат на целосно испитување на лабораториската хипотеза велат дека не ја поддржуваат главната алтернатива – дека вирусот се шири од животни на луѓе надвор од лабораторија, во вид на природно прелевање што се случчува се почесто во последните децении . Сè уште нема доволно докази за ниту една идеја, велат тие, ниту пак двете се некомпатибилни. Вирусот можел да биде од природно потекло по што бил вратен во лабораторија во Вухан – намерно или случајно – и избегал.


Меѓутоа, сè поголем број научници, вклучително генералниот директор на СЗО и истакнат американски истражувач кој работел со Институтот за вирусологија во Вухан, се согласуваат дека Институтот за вирологија во Вухан треба да обезбеди повеќе информации за својата работа за категорично да се исклучи протекување од лабораторија.


Волстрит журнал објави во неделата дека тројца истражувачи од лабараторијата се разболеле во ноември 2019 година и дека побарале локална болничка нега, според претходно неоткриениот извештај на американското разузнавање, иако официјалните лица изразија различни ставови во врска со доказите. Портпаролот на Белата куќа, во понеделникот изјави дека информациите доаѓаат од странски субјект и дека на САД им се потребни дополнителни информации за самостојно да ги потврдат. Во јануари, Стејт департментот рече дека неколку истражувачи на Институтот за вирологија во Вухан се разболеле во есента 2019 година „со симптоми кои одговараат на Ковид 19 и вообичаени сезонски болести“.


Администрацијата на Бајден му препорача на СЗО да поведе целосна истрага за можноста за истекување на лабораторија, поддржувајќи го повикот на генералниот директор на СЗО, Тедрос кој понуди распоредување специјалисти. Истрагата треба да вклучува и други лаборатории во Вухан, не само Вухан институтот за вриологија, а тимот што треба да ја спроведува истрагата треба да вклучува експерти за лабораториска безбедност. „Треба да можеме да ги разгледаме записите за биосигурност и да ги интервјуираме вработените“, рече официјалниот претставник на Белата Куќа.


Ова прашање веројатно ќе се дискутира за време на состанокот на телото за донесување одлуки на СЗО, Светското здравствено собрание, кое започна во понеделникот.


Дипломатската поддршка за лабораториска истрага е слаба. Неколку влади се желни да се залагаат за истрага, но Кина може лесно да стави вето.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838