КРИМИНАЛНО ПОДЗЕМЈЕ: Со избеганите од Грчец седечкиот Спасовски и Заев и натаму си молчат I ФОТО


Три дена молк од Спасовски за картелот „Планина“ е само потврда дека оваа власт е во служба на криминалното подземје, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со фотографиите на претседателот Стево Пендаровски, министерот Оливер Спасовски и други функционери, со лицата кои се во бегство откако некој им потшепнал за акцијата „Планина“.

Го пренесуваме цеото соопштение: Пендаровски посочи дека лично не се познавал со луѓето со кои се фотографирал стоечки, со што јасно објасни која е разликата во случајна средба и седење на софри со криминалците и бегалците од правдата. Ова предочување е префрлање на топката кај Спасовски и Заев кои бегаат од јавноста, за да не одговорат што договараа на средбите со нарко босовите од Грчец и Арачиново. По обелоденетите фотографии нема човек во Македонија кој не се прашува кој е поголем криминалец, нарко босовите или владините функционери. Повторно го прозиваме јавно Спасовски и Заев да и кажат на македонската јавност дали лично се познаваат со нарко босовите со кои се фотографираат во слободно време? Блискоста на власта со мафијата укажува на тоа дека функционерите на СДСМ немаат никаква намера да го решаваат криминалот во земјава туку да ги зголемуваат криминалните дејствувања, договарајќи бизниси со нив. Го најде ли кртот во МВР Спасовски или тој лично се погрижил криминалците да бидат известени за акцијата? Власта која знае за 100 грама дрога да прави циркуси во фалење по медиуми, сега молчи затоа што е виновна, колку е молкот од Спасовски поголем, толку повеќе станува јасно дека само криминалците се заштитени како бели мечки во овој режим со кој раководи Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



извор: денешен

29060043_2016680208590936_36926234558838