ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот за распродажба на државното земјиште од страна на Владата

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за весникот „Фокус“ зборуваше за продажбата на земјоделското земјиште и истакна дека овој закон е многу штетен и претставува уште еден бонбона бизнис на власта без да мисли на последиците. Тој исто така укажа дека голем дел од државите земји членки на ЕУ ги отфрлија ваквите законски решенија и си ја заштитија земјата. – Мноу штетен закон, многу штетна политика. Уште еден бонбона бизнис зафат без да се мисли на последиците. Законот со кој владата би продала илјадници хектари земјоделско земјиште, без заштитни мерки да се отстапат ресурсите неопходни за преживување. Голем дел од државите-членки на ЕУ ги отфрлија ваквите законски решенија, голем дел ги заштитија своите ресурси, и мора да размислиме зошто е тоа така. Ние сме против вакво законско решение, па кога ќе дојде во парламентот ВМРО-ДПМНЕ, ќе интервенира амандмански. Доколку власта продолжи неразумно да го турка законот, доколку ги одбие оние амандмани што се разумни и во заштита на интересите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира носењето на законот, рече Мицкоски.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838