Теута ја повика албанската дијаспора да се попише – меѓу лицата за контакт нема ниту еден Македонец


Теута Арифи од ДУИ на својот Фејсбук профил објави повик до албанската дијаспора масовно да се попише на онлајн сајтот од Државниот завод за статистика, а притоа објави и листа на лица за контакт во земјите од дијаспората. Она што е интересно да се забележи е дека во нејзиниот повик кој е упатен само кон Албанците, а не кон сите државјани на Македонија, сите лица за контакт кои се наведени се од албанската етничка заедница. Таа во својот статус изрази благодарност за сите кои се попишале, но ги повика и сите останати кои не го сториле тоа да се попишат што побрзо.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838