СДСM ја раскрчмува државата за финансирање на изборни манипулации


Неодамна Заев изјави дека нема потреба од предвремени избори бидејќи требало да го доврши целиот циклус на владеење и да ги заврши сите ветени и започнати проекти. Очигледно е дека заборавил дека ова што секојдневно ни го приредува не е тоа што го ветуваше.


Сите активности на Владата не укажуваат на грижа за граѓаните и државниот имот, туку на јасни определби да се обезбедат средства за избори: за поткупување на своите гласачи преку владини проекти, црни пари за директно поткупување на гласачи, за набавка на возила кои реално не се потребни за редовните активности на Владата туку за партиските изборни активности.


Пред да дојде на власт, Заев и СДС ја критикуваа и напаѓаа набавката на владиниот мерцедес, за сега, после 5 години владеење, да отпочне постапка за повеќегодишна јавна набавка на дури 45 моторни возила за СОЗР -Службата за општи и заеднички работи на Владата, по пат на оперативен лизинг (деловен закуп) со времетраење од 36 месеци. Дали овие возила и се потребни на Владата на Заев за потребите на теренските активности на следните локални избори?


Се сеќаваме на последното сведочење на Бојан Јовановски кој порача: „Парите од „исчезнатиот“ милион да се бараат кај Заеви!“, но никој не постапи по тоа обвинување. Дали парите завршија за приватни цели на браќата Зоран и Вице Заеви или сепак тоа беа црни средства кои СДСМ ги акумулира за поткупување на гласачи?


Исто така, пред да дојде на власт, Заев ветуваше: „СДСМ ќе предложи Македонија да биде една изборна единица“, за на 18.05 2021 Владата да даде негативно мислење за законот за една изборна единица. Значи кога СДС е на власт, други се пресметките и интересите, па она што го заговараа како принцип, сега веќе не важи.


Ако се земе во предвид и непопуштањето пред масовните протести за нетранспарентните реформи во образованието и упорното останување на одлуката да не се печатат учебници, а реформите чинат над 29 милиони евра, не може, а да не се запрашаме каде ќе одат овие средства и зошто ставките на расходи не се јавно и транспарентно наведени во детално разработена стратегија, како што обично се прави при секое отчетно спроведување на конкретни владини реформи, стратегии и проектни активности.


Останува уште и продажбата на земјоделското земјиште кое е последното и најмизерното раскрчмување на ресурсите на државата, бидејќи тоа е редовна пракса кога СДС се на власт. Заев и сите негови промашени кадри, знаат дека веќе ја губат поддршката и симпатиите на народот и дека откако ќе ја изгубат власта тешко дека повторно ќе ја добијат.


Во сите пресметки на Заев и фамилијата, губат само граѓаните!

29060043_2016680208590936_36926234558838