Откако Тексас го укина носењето маски се очекуваше катастрофа, но не се случи - еве која е причината


Уште на почетокот на март, Тексас стана првата американска држава што ја укина задолжителната употреба на маски и сите ограничувања на бројот на луѓе дозволени истовремено да престојуваат на јавни простории, продавници и деловни состаноци.


Конзервативците ја поздравија одлуката на гувернерот на Тексас, Грег Абот, додека либералите предвидуваа пропаст и смрт, а американскиот претседател Џо Бајден ја нарече одлуката „неандерталско размислување“, пишува Атлантик.


Девет недели подоцна, резултатот сепак не изгледа катастрофален. Всушност, новата студија на економистите од универзитетот Бентли и државата Сан Диего открива дека наредбата на Абот практично немала никакво влијание врз случаите на ковид-19.


Како е можно толку значајна мерка, односно мерка која е широко оспорувана, да има толку мал ефект?


Едно можно толкување е дека укинувањето на обврската за носење маски немало никакви последици бидејќи маските воопшто не се ефикасни. Овој став ужива широко распространета популарност во конзервативните медиуми како што е „Фокс њуз“ и веројатно стои зад забраната на Абот за правењето маски задолжителни во Тексас.


Ова објаснување има неколку дупки.


Голем број докази сугерираат дека маските речиси сигурно имаат ефект, дури и ако не се совршени. На пример, истражувањето објавено во Journal of American Medical Association открива дека маските „го ограничуваат издишувањето и вдишувањето на заразен вирус“ и дека универзалното маскирање „може да помогне во намалување на преносот на вирусот“.


Мега-анализата објавена во Зборникот на трудови на Националната академија на науките заклучи дека „местата и периодите во кои е потребна употреба на маски покажале значително помал пренос во заедницата“. И неколку анализи објавени во списанието Nature покажаа дека хируршките маски и респираторните KN95 ги намалуваат емисиите на честички до 90 проценти.


Посуптилна е можноста дека одлуката на Абот не била премногу важна затоа што во тоа време биле поважни други фактори, како што се временските услови, повеќе вакцинации и одредена среќа.


Коронавирусот се чини дека се шири помалку во топли и влажни средини, што може делумно да објасни зошто држави како Тексас и Флорида успеаја да избегнат натпросечна стапка на смртност од ковид-19, и покрај познатата одбивност на нивните гувернери кон ограничувањата.


Ако на ова го додадеме темпото на вакцинирање во март, можно е Абот да имал навистина среќа, укинувајќи ги ограничувањата во време кога бројот на случаи беше предодреден да падне, без оглед на се.


Друго објаснување вели дека одлуката на Абот не била важна затоа што никој не го сменил однесувањето. Одлуката на Абот немаше никакво влијание врз вработувањето, движењето низ неговата држава или пешачкиот сообраќај низ продавниците за малопродажба.


Немаше ефект ниту во либералните или конзервативните области, ниту во урбаните или руралните области. Поддржувачите продолжија да носат маски, а антимаскерите ги фрлија во ѓубре. И многу клучни вработени, кои сметаа дека и онака немаат избор, продолжија со своите претходни навики. Гувернерот можеби пукал во празно.


Извор: Индекс.хр

29060043_2016680208590936_36926234558838